Важечка од 03.2021
Со самиот пристап на интернет страницата на ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни. Прочитајте повеќе во делот за Политика за приватност.
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.
Датум на ажурирање 03.2021
Основни податоци за компанијата
е-маил – info@sminka.mk
телефон – 075 463 963
назив на продажно место – sminka.mk
адреса – ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО, ул. ИЛИНДЕНСКА ББ, Тетово
дејност – НКД 47.75
матичен - ЕМБС 5090610
даночен број – МК4028996111071
Sminka.mk е онлајн бренд на Харбини Козметикс Македонија. Тој ги нуди постоечките брендови за убавина на интернет на потрошувачите низ цела Македонија. Читај повеќе.
ХАРБИНИ - КОЗМЕТИКА ДОО | ул. ИЛИНДЕНСКА ББ, Тетово
Тел : +389 (0)75 463 963 | e-mail : info@sminka.mk
ЕМБС: 5090610 | ЕДБ : МК4028996111071 | ДЕЈНОСТ: 47.75